Германија под истрага на ЕУ поради патарините

Од:

Европската унија покрена правен случај во врска со плановите на Германија да воведе патарини на своите автопати со цел да добие пари од странските возачи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Еврокомесарот за транспорт Виолета Булц објасни дека случајот е започнат затоа што постојат сериозни сомневања за дискриминација од страна на Германија.

За разлика од странците кои ќе мораат да платат патарина, германските возачи сумата што ќе ја платат за патарини ќе ја добијат назад преку компензација, односно со кратење на дел од давачките при регистрација на возилата.

Според планот на германската Влада, патарините треба да бидат воведени од 2016 година, а според Министерството за транспорт, тие би требало да донесат половина милијарда евра годишно во федералниот буџет.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани