Познатиот пејач Роби Вилијамс синоќа одржа концерт во Белград.
Но, откако излезе на сцената сигруно од премногу возбуда побркал каде точно се наоѓа, па присутните ги поздрви со: „Добро вечер Загреб“, пишува белградски „Блиц“, додавајќи дека „публиката тоа не го ни забележала“.
Сепак, Вилијамс набрзо по испеаната песна запраша: „Србијо, може ли да ви бидам ваш син?“, па воодушевената публика почна да скока по сцената и да пее „Србијо, јас сум твој син“.
На крајот на концертот Роби на Твитер напиша: „Србија: Не знам што очекував, но не го очекував ова. Бевте фантастични вечерва, не можам да дочекам да се вратам“.