Погледнете како изгледал Ален Хасановиќ, потенцијалниот победник во годинешното издание на најпопуларното регионално телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Во пресрет на грандиозното супер финале кое е закажано за 4. јули, сопственикот на најголемата српска продукција „Гранд“, Саша Поповиќ во својата емисија ја потсети јавноста на првите аудиции на некои од натпреварувачите.
Меѓу нив се најде и нашиот Ален Хасановиќ кој успешно ја помина првата аудиција на 19. август 2014 година.
Хасановиќ на аудицијата ја изведе македонската легендарна песна „Зајди, зајди“, а го отпеа и хитот „Жал“ од Шабан Шаулиќ.
Младиот пејач видеото го сподели на својот Фејсбук профил и им се заблагодари на пријателите за поддршката. Тој потсети дека оваа сабота се одржува финалето во кое ќе учествува, и повика сите што можат да го поддржат со гласање преку смс.
„Ова беше првата аудиција, а сега сме блиску до последната емисија. Драги мои оваа сабота ќе ми треба најмногу вашата поддршка и гласови за да влезам во главното супер финале, Ви благодарам од срце што цело време неизмерно ме поддржувавте, се надевам дека и овој пат ќе биде така. Јас ви ветувам дека ќе дадам се од себе како и секогаш,и не заборавете дека вие сте единствените кои можете да помогнете да си го остварам својот сон кој долго го сонувам. Ви благодарам уште еднаш од срце бидете ми здрави и живи!! Вашиот Ален“, напиша младиот пејач на својот Фејсбук профил.
Саша Поповиќ, кој поради аудициите за новите ѕвезди и ѕвездички деновиве престојуваше во Скопје, изразил желба грандиозното супер финале да се одржи токму тука, во нашата метропола.