Македонските кик боксери кои викендот настапија на Европскиот куп „Балкан Опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина освоија 21 медал.
Трофеите за најдобра натпреварувачка во лоу кик на Кристина Стојчевска -56 кг и пехарот за најдобар тим во лоу кик само го потврдија квалитетот на македонските кик боксери.
Освоени се вкупно пет златни, осум сребрени и осум бронзени медали.
Со злато се закитија :
– Марија Божиновска +70кг кик лајт;
– Војдан Кардалев -94кг кик лајт;
– Димитар Ѓорѓиев -79кг кик лајт;
– Бобан Илиовски -71кг лоу кик;
– Кристина Стојчевска -56кг лоу кик.
Втори места и сребрени медали освоија:
– Вчков Филип-69кг кик лајт;
– Ризов Филип -52кг кик лајт;
– Бобан Несторовски -84кг кик лајт и лајт контакт;
– Филип Митревски +94кг лајтконтакт;
– Хадис Рамадани -67кг лоу кик;
– Стефани Тодорова -70кг кик лајт;
– Марија Божиновска +70кг лајт контакт.
До бронзени медалии стигнаа:
– Војдан Кардалев -94кг лајт контакт;
– Денис Муаремовски -63кг лоу кик;
– Павел Стојчевски -32кг поинт фајт;
– НенадМанојловски -69кг кик лајт;
– Бајром рамадани -69кг кик лајт;
– Азрет Зекири -69кг кик лајт.
Претседателот на КБФМ беше наградена со плакета од претседателот на Босанската федерација Алија Огрич за успешна соработка и развивање на кик бокс спортот.
На овој Европски куп учествуваа 379 кик боксери од 15 земји.