Членот на бендот „5 Seconds“ Мајкл Клифорд (19) стоел покрај пиротехничкиот апарат во текот на концертот во Лондон.
Во еден момент огнот ја зафатил неговата коса и тој почна да гори. Тој веднаш бил пренесен од сцената, а другите членови на бендот продолжиле со настапот.
Иако публиката била во шок и загрижена за младото момче, тој се огласи на Инстаграм со фотографија од болница и на сите им пренесе дека е добар.
Огнот зафатил и дел од неговото лица, така што Мајкл сега носи завои.