Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека групата Исламска држава (ИД) се „култ на смртта со глобални амбиции“ и ги повика државите од азиско-пацифичкиот регион на заедничка акција против џихадистите.
Абот зборуваше на специјално организираната конференција во Сиднеј, на која министри од 25 земји од овој регион, меѓу кои Малезија, Сингапур, Јапонија, Лаос, Виетнам и Нов Зеланд, расправаат за контратерористичката пропаганда.
На конференцијата учествуваат и високи претставници на Гугл, Фејсбук, Твитер и на повеќе други социјални мрежи преку кои најчесто се шири милитантната пропаганда.
Според австралискиот премиер, државите од овој регион мора заеднички да дејствуваат против ИД, затоа што, како што рече, оваа џихадистичка група „ги раширила своите пипала насекаде„.
Абот призна дека повеќе од 100 Австралијци- муслимани се вклучени во ИД и војуваат со џихадистите на фронтовите во Сирија и во Ирак.
Владата во Канбера годинава воведе повеќе дополнителни и нови антитерористички и безбедносни прописи, стравувајќи за безбедноста на земјата и на нејзините државјани.
Забрането е и се казнува секое патување на австралиски државјани во реонот ознечени како зони на тероризмот, а се определија дополнитени финансиски средства за полицијата и за безбедносните служби.
Австралиската влада сега најавува и одземање на државјаноството за лица кои ќе го охрабруваат и ќе го поддржуваат екстремизмот и тероризмот.