Во судирите помеѓу сириската војска и бунтовниците во градот Алеп оштетена е џамијата Умајад, познато исламско светилиште.
Пожарот ги уништил старите теписи и дрвениот мебел кои го украсувале светото место. Од џамијата се украдени најзначајните реликвии на местото.
Џамијата Умајад е место за муслиманска богослужба од осмиот век. Оргиналното светилиште било урнато во 13-ти век кога и било обновено.
Бунтовниците ја користеле џамијата како база, поради нејзината стратешка позиција, но им било забрането да отвораат оган во внатрешноста на светилиштето.
Сириската државна новинска агенција САНА јави дека претседателот Башар ал Асад наложил формирање комисија која би требало да ја надгледува работата на обновата на џамијата.