Вулканот Синабунг во Индонезија денеска исфрли пепел и гас, поради што во неговата околина е прогласен највисок степен на тревога, јави ДПА.
Над 2.700 лица, кои живеат во радиус од седум километри на вулканот се евакуирани.
Синабунг се активираше во втората половина на 2013 година. Најмалку 16 лица загинаа, а десетици илјади беа времено раселени минатата година поради интензивниот период на ерупции на вулканот.