Бугарија се претвори во „единствена република“ во музичкиот свет на „OneRepublic“, за време на синоќешниот концерт на оваа група во салата „Арена Армеец“ во Софија.
Како што јави БТА, концертот започна со нумерата „Light It Up“, по што Рајан Тедер, Зак Филкинс, Еди Фишер, Брент Кацел и Дру Брауин изведоа неколку хитови на бендот, меѓу кои и „Secrets“, „What You Wanted“ и „Stop and Stare“.
Една од најдобрите изведби беше онаа на песната „Apologize“, која всушнот и ја прослави групата „OneRepublic“.
Кон крајот на концертот бендот ја изведе нумерата „I Live“, што беше дирекно пренесувано на социјалните мрежи ширум светот.
Концертот заврши со изведба на бис на песните „Love Runs Out“, „What a Wonderful World“ и „If I Lose Myself“ и со ветување на „OneRepublic“ дека ова нема да биде последен настап на групата во Софија.
Настапот на „OneRepublic“ во Софија следеше по концертот на бендот во Скопје.