Претставник од Македонија на прва светска поетска конференција во Италија

Од:

Од утре до 8 јуни во Салерно, Италија, ќе се одржува прва светска поетска конференција „100 илјади поети за промена (100 Thousand Poets for Change)“. Ќе учествуваат околу 200 организатори на оваа манифестација од цел свет, во која Македонија се вклучи уште на самиот почеток.

На конференцијата  ќе се разговара за идните планови на ова глобално движење, а поети, писатели, уметници и хуманитарци  преку  поезија и перформанси ќе покажат како во своите заедници одлучуваат за својата специфична област на фокус за промена во рамките на целокупната програма за мир и одржливост.

Претставник од Македонија на конференцијата ќе биде Митко Гогов, организатор на овој фестивал во Струмица, кој на крајот на септември ќе одбележи пет години постоење.

– Целата документација од овој настан како и од сите поединечни досега се објавени на веб сајтот 100TPC.org, а ќе биде зачувана и архивирана од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, која го признава 100 илјади поети за промена како историски настан, односно најголемо поетско читање во историјата, изјави Гогов.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот