Она што се најавуваше пред извесен период од Горила продукција, денес беше официјално објавено. Сара Мејс го претстави својот нов спот за песната Пеперутки, песна која и ја презентираше на македонската јавност пред неколку недели.
„Многу ми е драго, што овојпат решивме со мојата продукција да раскажаме една поинаква приказна, приказна која ги претставува македонските убавини, приказна во која се опишуваат многу емоции и најразлични чувства. Уште подраго ми е тоа што во спотот глуми Атанас Атанасовски, кој својата улога си ја претстави точно онака како што замислувавме“ – вели Сара Мејс за нејзиниот нов видео запис за песната Пеперутки.
Спотот е сниман низ неколку скопски села, а идејата е на режисерот Горан Костадинов, кој сака низ овој спот да ги претстави македонските убавини кој ни се толку блиску до градските гужви, а се повеќе ги забораваме. Спотот раскажува една љубовна игра на двајца млади кои дали ќе имаат среќен крај оставаме да дознаете.
Спотот е во продукција на Горила Филмс и се задоволни од резултатот, а благодарение на Министерството за култура, овој нов проект на Сара доби и субвенции.