Илјадници луѓе протестираа на централниот плоштад во Гватемала против корупцијата. Демонстрантите бараат оставка од претседателот на Гватемала, Ото Перес.
– Не го сакаме Ото Перес на власт. Тие украдоа многу пари и затоа дојдов на протестот, важно е политичарите да знаат дека не сме задоволни, изјави еден од демонстрантите.
Антиокорупциските протести се засилија во последните недели, по серијата апсења на офуицијални лица за корупција, што доведе и до смена на министрите за внатрешни работи, за енергетика и за животна средина, како и на шефот на разузнавањето.