Во Перу компании за производство на палмино масло имаат намера да исечат 23.000 хектари тропска шума на север во Амазонија за да напават на тоа место плантажи за одгледување палми.
Според невладини организации, Владата на Перу неодамна донела одлука прво да се почне со сеча на 9.300 хектари прашума, објави Гардијан.
– Направивме детална анализа на фотографии од сателит врз зоната што треба да биде опустошена и заклучивме дека 84,6 отсто од 9,346 хектари колку што треба да биде исечено припаѓа на прашумата, се вели во соопштение на Асоцијацијата за зачувување на басенот Амазонија во Перу и Асоцијацијата за зачувување на Амазонија од САД.
Компаниите што се вклучени во проектот се Исландија Енерџи, Палмас дел Амазона, Палмас дес Еспино.