Фантастичниот Филип Божиновски одржа лекција за пеење во „Ѕвездите на Гранд“ и повторно се врати во најпопуларното музичко шоу во регионот.
Во баражната емисија, продукцијата „Гранд“ им даде можност на испаднатите натпреварувачи да се вратат повторно на големата сцена и да докажат дека заслужуваат да бидат дел од неа.
Филип Божиновски ги отпеа песните „Опет си побиједила“ од Тони Цетински и „Рани на усните“ од Тоше Проески и успеа да го победи својот против-кандидат Раша Савиќ со резултат 6:0.
Ана Бекута прва го скрши мразот и само неколку секунди откако запеа Филип кажа дека е одличен, додека легендарната Зорица Брунцлик изрази желба да сними дует со нашиот претставник.
– Кога еден ден ќе станеш познат и популарен, сакам да снимам дует со тебе, изјави Зорица Брунцлик воодушевена од пеењето на Филип.