Лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда, Абу Мохамад ал Голани во синоќешното интервју за Ал Џезира, изјави дека организацијата нема планови за напади на Западот и го демантираше постоењето на т.н. група Хорасан.
Ал Голани, кој раководи со Фронтот Ал Нусра, посочи дека целта на неговата група е да напредува кон главниот град на Сирија, Дамаск и да го собори од власт претседателот Башар ал Асад.
Тој тврди и дека не постои група Хорасан и оти за неа слушнале од Американците.
Вашингтрон тврди дека Хорасан е специјален огранок на Ал Нусра, задолжена за напади врз западните интереси.
– Од раководството на Ал Каеда добиени се инструкции Сирија да не се користи за напади врз Западот и врз Европа, посочи Ал Голани.