Легендарната рок група „Ролинг стоунс“ ја почна својата нова „Зик код“ турнеја низ САД со двочасовен концерт во Сан Диего.
„Стоунси“ пред распродадениот стадион „Петко Парк“ синоќа свиреа големи хитови од својата 50-годишна кариера.
Мик Џегер, Кит Ричардс, Рони Вуд и Чарли Вотс го почнаа концертот со „Jumpin’ Jack Flash“, пред да им се придружи Гери Кларк Џуниор за нумерата „Bitch“ од албумот „Sticky Fingers“ кој оваа седмица ќе биде реиздаден.
Групата ги свиреше и познатите нумери „Honky-tonk Woman“, „Midnight Rambler“, „Gimme Shelter“ и „Sympathy for the Devil“, додека Џегер трчаше, скокаше и комуницираше со воодушевената публика.
Камерниот хор од калиифорнискиот Државен универзитет во Лонг Бич, му се придружи на бендот за нумерата „You can’t always get what you want“, а настапот го завршија со хитот „Satisfaction“ за кој Џегер се преслече во црвен светликав смокинг.
Стоунси ја продолжуваат турнејата со концерт во Колумбус, Охајо.