ВИДЕО: Принудното слетување на сирискиот авион со руска пратка, Анкара на удар

Од:

Стејт Департментот соопшти дека руската пратка во пресретнатиот сириски авион авиону била легална, со што Турција се најде во непријатна дипломатска ситуација. Руската телевизија Раша тудеј објави видео снимка од принудното слетување на патничкиот авион “Сиријан Ера” што се случи пред два дена.

Американците сметаат дека Русија не го прекршила меѓународното право со тоа што испратила делови за радари во Сирија, иако имаат став дека е неприфатливо да се помага сирискиот режим.

Официјална Анкара со тоа е ставена во непријатна позиција, со оглед дека имала погрешни информации дека во сирискиот авион се наоѓа оружје кое според меѓународните закони не смее да се превезува со цивилен авион.
Ситуацијата е уште полоша затоа што во авионот се наоѓаа и руски државјани, а Раша Тудеј објави снимка каде што еден од членовите на посадата лепи фластери на лузните од полициските лисици.

Анкара по ставот на САД остана без легална поддршка за својата акција за запленување на „руското оружје“ во сирискиот авион.

На аматерската снимка која ја направиле патниците од авионот кој од Москва леташе за Дамаск, се гледа најпрво турскиот Ф-16, а потоа и специјалците со фантомки и патниците кои излегуваат од авионот и ги држат пасошите во рака.

На снимката се гледа и инжењерот на летот на авионот кој е пресретнат од турскиот борбен авион Ф-16.

“Ербас А-320” превезуваше 30 патници и принудно слета на меѓународниот аеродром во Анкара.
Турскиот премиер нареди да се задрќи товарот што се превезуваше во авионот, и рече дека „содржината на пакетот е проблематична“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот