На воениот полигон во Кичево денеска почнува новата сезона на автомобилизам на кружни патеки од меѓуклубскиот шампионат на Македонија во организација на Авто картинг клубот „Никола Карев“ од Скопје.
Ќе се вози на патека долга 2050 метри на која се очекуваат повеќе од 20 натпреварувачи.
Утре по завршување на трката ќе биде организирана изложба на стајлинг возила кои ќе продефилираат по патеката. Организаторот најавува возила кои досега не се видени на македонските патеки.