Трајче Георгиев оди понатаму во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Тој во регуларниот дел на натпреварот ја пееше „Полско цвеќе“ од Тоше Проески.
„Уживаме кога ја слушаме твојата емоција, добро е што пееш песна која личи на тебе и која е на твојот мајчин јазик. Тоа е тоа, ништо ново кај тебе“, рече Милан.
„Пресладок си, навистина ме погоди. Вечерва пееше многу емотивно“, додаде Јелена.
„Малку ми фали промена на атмосферата во била која песна. Технички беше супер, совршено, но јас би додал уште нешто. За победа мораш да ги имаш сите оружја“, вели Хари.
Бидејќи сите учесници добија по пет гласови, имаше бараж на „петките“. Од „Пинкови ѕвездички“ испадна Уна Димитријевиќ.