Нигерискиот град Марте во северната држава Борно одново е заземен од екстремистите на Боко харам. Градот беше ослободен во февруари.
– Марте е целосно под контрола на бунтовниците што за нас значи сериозна загуба, изјави заменик гувернерот на државата Зана Умар Мустафа.
Исламистичката група лани зазеде територија со плоштина поголема од Белгија. беа неопходни напори на нигериски, нигерски и на војници од Чад да бидат протерани екстремистите од повеќе региони.