Прво Годишно собрание на движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“

Од:

Сите млади креативци кои сакаат да работат на конкретни проекти и следната година ќе можат добијат поддршка од Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

На првото Годишно собрание на Движењето, што се одржа денеска, членовите и поддржувачите едногласно одлучија и годинава да продолжат активностите и поврзувањето на креативните идеи со македонскиот бизнис сектор.

И годинава наградата за најдоброто дизајнерско решение ќе биде во износ од 200.000 денари, а проектот ќе биде избран од пристигнатите предлози што ги доставуваат членовите на Движењето.

Според Ангелка Пеева-Лауренчиќ од Имиџ ПР мисијата и визијата на Движењето е да ја поддржи креативноста на младите во Македонија, но, како што вели, таа  креативност да биде во функција на поддршка на македонските национални брендови и економија.

– Задовлство е денеска  да го заокружиме првиот проект којшто го започнавме минатата година токму на овој ден. Тоа е брендирање на македонското слатко, да ги видиме резултатите како и да ги слушнеме наградениоте дизајнери Мартин и Далибор коишто ја изработија етикетата за слаткото „Фрутело“, истакна Пеева-Лауречиќ.

На Годишното собрание на Движењето беа заокружени и активностите од првиот проект што се реализираше минатата година – проектот за брендирање на македонско слатко. Седумте видови слатко од вишна, малина, зелена смоква, јагода, портокал, дива капина и аронија на компанијата „Јоми фуд“ од Велес која беше избрана на јавен конкурс, добија нов автентичен изглед и специјално пакување.

Стручната комисија составена од претставници на движењето и Skopje design week (SDW), го оценија дизајнерското решение на младите дизајнери Далибор Смилески и Мартин Стојмировски кое беше избрано за најдобро од пристигнатите решенија на јавниот конкурс.

Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчич“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ во насока на исполнување на овие цели. 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска