Трет блогер убиен на брутален начин во Бангладеш

Од:

Угледниот бангладешки блогер Ананта Биџој Дас брутално е убиен откако бил искасапен до смрт, соопшти локалната полиција.

Убиството на Дас, извршено со мачети, се случило во градот Силхет во североисточен Бангладеш. Тој е третиот блогер кој заговарал верска толеранција спротивставувајќи му се на религиозниот фундаментализам, кој е убиен во оваа азиска земја во изминатите четири месеци.

Дас пишувал прилози за интернет страницата „Мукто-Мона“ (Слободна мисла). Оваа страница ја создаде и ја осмисли умерениот муслиман Авиџи Рој, кој и самиот во февруари оваа година беше исто така искасапен со мачети до смрт. Тој беше роден во Бангладеш, но престојуваше и работеше во САД, остро критикувајќи ја религиозната нетолеранција.

При нападот извршен во главниот град Дака во кој беше убиен Рој, тешеко беше повредена и неговата сопруга. Таа се здоби се сериозни повреди на главата, а и беше отсечен и палецот на левата рака.

Тој и неговата сопруга допатуваа во Дака од САД за да присуствуваат на тамошниот саем на книги.

Во март годинава на наполно идентичен начин беше убиен уште еден блогер. Сите тројца се наоѓале на „црната листа„ на религозните фанатици, определени да бидат ликвидирани.

По убиството на Рој, во Дака се одржаа масовни демонстрации на студентите и социјални активисти кои протестираа против однесувањето на власта, обвинувајќи ја дека не прави ништо да ги заштити луѓето кои ја критикуваат религиозната нетолеранција.

Полицијата подоцна уапси еден исламистички фундаменталист поврзан со убиството на Рој, како и двајца студенти во една медреса.

Активистите за човекови права во Бангладеш остро ја осудуваат кампањата за ликвидација на сите кои заговараат слобода на мислењето и изразувањето и остро се спротивставуваат на исламскиот фундаменатализам.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници