При напад на американски дрон убиен висок претставник на Ал Каеда во Јемен

Од:

Висок претставник на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Насер ал Анси, кој во име на екстремистичката група ја презеде одговорноста за нападот на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ во Париз, загина во Јемен при напад на американски дрон.

Ал Анси беше воен стратег на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Тој неколку пати се обраќаше преку видео-снимки на интернет.

Во една од нив, објавена на 14 јануари, тој тврдеше дека неговата група, со посредство на браќата Коуачи, го извршил нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“ во знак на освета поради објавените карикатури на пророкот Мухамед.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија