Пролетен вино фест

Од:

Со настап на The Hounds и гостинот од Црна Гора Бојан Маровиќ денеска почнува Пролетниот вински фестивал што го организира Веро центарот во Скопје.

Посетителите до 10-ти мај ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени и да уживаат во деликатесната храна.

Организаторите, како што велат, се погрижија да има музика за сечиј вкус. Најавуваат настапи на Last Expedition, Cross road Blues Band и Backdoor Band во четврток, како и на Бета Хаус, Миле Кузмановски и Жаре Бербер во петок. Во сабота се Летечки пекинезери, Нина Јанева & 2 Exit и маестро Игор Џамбазов, додека последниот ден на фестивалот е резервиран за македонска етно музика со бендот Калевала, но и со нов проект „Каверленд“, чиј вокал е победничката на Макфест, Александра Јанева.

Би можело да ве интересира

Во Сараево се одржува Винофест

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ од денеска на платото пред НОБ

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува Винскиот фестивал 2014

Ана Ололовска

Пролетен вино-фест

Емир Латифовиќ