Нигерија: Повеќето од 260 ослободени жени од заробеништвото на Боко Харам се бремени

Од:

Во најновата акција на нигериската војска од рацете на борците на исламистичката група Боко Харама се ослободени уште околу 260 жени , од кои дури 214 се бремени. Некои во поодмината, а некои во рана фаза на бременоста, јавува Хина.

Овие несреќни жени сега се подложени на медицински прегледи од различни зарази, инфекции, вклучувајќи и ХИВ/АИДС. На многу им е потребна терапија за посттрауматски стрес и итна медицинска нега, бидејќи преживеале тешка психолошка траума, пишуваат светските медиуми.

Терористичката исламистичка група Боко Харам киднапира млади девојки за да ги присили да преминат во ислам и да се венчаат со нивните борци. Тие што нема да се согласат ги држи како робје.

Бабатунде Осотимехин од Фондот за население на Обединетите нации во Нигерија (УНФПА) изјави дека 214 жени се бремени.

– Кај 214 од оние кои досега беа тестирани утврдена е бременост во   различни стадиуми. Многу од нив покажуваат знаци на траума. Претрпеле огромен стрес така што психолошкото советување мора да биде интензивно. На многу жени и деца стресот им е напишан на лицата, некои од нив  се изгубени во својот свет и не знаат каде се наоѓаат, рече Осотимехин.

УНФПА, инаку, соработува со Владата на Нигерија со цел да им се врати достоинството на овие девојки кои биле грабнати и да им се помогне колку што е можно поодбро да ја пребродат оваа нивна психо-социјална траума.

Нигериската војска во три различни акции ослободи речиси 700 жени од рацете на милитантната група Боко Харам. Откако тие тргнаа во својата бунтовничка битка на создавање исламистичка држава во северна Нигерија убиени се илјадници лица.

Нигериската војска, во соработка со армиите на соседните земји, во април почнаа голема офензива против борците на Боко Харам и успеа да поврати територија која исламистите ја зазедоа минатата година. 

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска