Боко Харам ги убивале заробеничките пред да ги ослободи армијата

Од:

Припадниците на исламистичката милитантна група Боко Харам, ги убивале заробените жени со каменување до смрт, пред да бидат ослободени од армијата на Нигерија, откриваат некои од спасените заробенички, во разговор за локалните медиуми.

Една од нив изјавила дека „неколку заробенички„ биле брутално убиени откако се разбрало дека нигерската војска забрзано се приближува до локацијата каде биле чувани,за да бидат спасени.

„Почнаа да не напаѓаат кога одбивме да избегаме со нив,пред офанзивата на војската„-рекла оваа жена, збрувајќи за „хоророт што сите го преживувале додека биле во заробеништвото„ на Боко Харам.

Таа зборува за каменување на „повеќе жени„ но не може да каже колку од нив биле убиени на овој начин.

Додека биле во заробеништвото, жените биле присилувани да се мажат за припадници на оваа исламистичка група, или да се претвора во војници на Боко Харам.Добивале само по еден еден оброк на ден, најчесто храна што „луѓето обично не ја јадат„ и биле врзани една за друга, но и во такви услови биле постојано под стража и надгледување.

Група од 300 жени и деца биле грабнати од едно село во близината на градот Чибок.Пред да бидат одведени припадниците на Боко Харам, пред нивни очи ги убиле мажите и момчињата.

По ослободувањето на оваа група жени и деца, тие биле префрлени од шумата Самбриза, во еден воен логор на армиските сили.

Претставник на армиските сили изјави дека во операциите во северна Нигерија, против милитантните исламисти од Боко Харам, во текот на минатата недела, биле спасени повеќе од 700 лица.Меѓу ослободените не се наоѓаат и оние 300 девојчиња, кои пред една година беа киднапирани од едно локално училиште во Чибок.

Од 2009 година, од кога почнаа нападите на оваа група, која заговара создавање исламска држава во северниот дел на Нигерија, во земјата се убиени неколку илјади лица.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска