Во Нигерија се спасени уште 234 киднапирани девојчиња и жени од упориштето на Боко Харам во шума на Самбис, во североисточниот дел на земјата, соопшти денеска нигериската војска.
Во соопштението на Команданта на нигериската одбрана на овицијалниот Твитер налог се наведува дека во последните денови спасени се повеќе од 677 женски лица, пренесува Танјуг.
Нигериската војска ги покрена единиците на копнената војска после воздушните напади во шумата Самбис, каде се наоѓаат логори на исламските екстремисти, кои се сметаат за нивни последни упоришта.
Амнести интернешнл наведува дека екстремистите ја користат тактиката на масовни киднапирања и од почетокот на минатата година киднапирани се повеќе од 2000 жени и девојчиња. Дел од нив завршиле во воените единици на Боко Харам, а дел се користени како жив штит во оружените пресметки.