Нигериската војска ослободи уште 160 заложници

Од:

Нигериската војска денеска соопшти дека ослободила 160 жени и деца во операцијата против исламистите од групата Боко Харам во шумата Сабиса, два дена откако беше ослободена групата од 300 заробени во истата зона.

Во соопштението шпто го пренесува агенцијата Фена се наведува дека „во истата операција се убиени една заложничка и еден војник, додека осуммина заробеници и четворица војници се ранети“.

Војската во вторникот соопшти дека од камповите на Боко Харам во шумата Самбиса ослободила 200 девојчиња и 93 жени .

Боко Харам практикува масовни грабнувања, а според податоците на невладината организација Амнести Интернешенел, оваа исламистичка група досега грабанала околу 2.000 жени заради присилна работа и сексуално ропство.

Некои дури биле присилувани да се борат во првите боребни линии со исламистичките милитанти, тврди Амнести врз основа на собраните сведоштва.

Нигериската војска за време на операцијата изведена неделава „исчистила неколку кампови за терористичка обука“ и притоа запленила опрема и возила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он