Боко Харам масакрирал 400 луѓе во нигерискиот град Дамаск

Од:

Стотици луѓе се пронајдени мртви во нигерискиот град Дамаск, кои очевидно се жртви на екстремистичката група Боко Харам, соопштија локални извори, пренесува Фена.

Нигерискиот претседател Мухамад Бухари еден ден претходно изјави дека екстремистите се „лажна верска група“ и вети дека нема да штеди напори во борбата против нив.

Мртви тела биле пронајдени во куќи, низ улици и во коритото на реката Дамаск, која е пресушена, истакнал еден жител, додавајќи дека жртвите се погребани во 20 масовни гробници во текот на изминатиот викенд.

Друг жител на градот, кој помогнал при погребувањето во саботата, изјави дека бројот на жртвите се проценува дека е над 400 лица, иако властите на нигериската држава Борно не ја соопштија точната бројка.

Пред еден месец западните медиуми објавија дека припадници на Боко Харам киднапирале повеќе од 400 жени и деца во истиот град.  

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он