Апелацискиот суд во јужнокорејскиот град Гунагџу на доживотен затвор го осуди капетанот на фериботот што потона минатата година, кога загинаа над 300 лица, пренесоа американските медиуми.
Денешната пресуда е потешка од пресудата која во ноември минатата година ја изрече Окружниот суд, со која капетанот на бродот Ли Џон-сок беше осуден на 36 години затвор за небрежност и оставање на патници на бродот.
Портпаролот на судот во Гуанџу соопшти дека освен доживотната казна за капетанот Ли, 14 други членови на екипажот добија казни меѓу 18 месеци и 12 години затвор.
Пресудата на Ли е зголемена, бидејќи судот го прогласи за виновен за убиство од небреженост. Во ноември тој беше ослободен од ова обвинение.