Харизматичното момче кое со својот глас го освои регионот, во екот на својата популарност вредно работи на својата нова песна која би требало да се промовира со видеозапис некаде околу средината на месец мај.
Во студиото „Ер“ во Прилеп, Ален Хасановиќ ја сними својата нова песна чиј комплетен автор е токму тој. Новата песна е оригинално снимена на српски јазик и го носи насловот „Продала си љубав“, но во текот на летото ќе добие и своја македонска верзија.
Новата песна својата промоција ќе ја има наредниот месец заедно со видеозапис во режија на Зати продукција од Охрид, со која пејачот подолго време соработува.
Ален Хасановиќ својата прва авторска песна ја промовираше минатото лето.