Долгометражниот документарен филм „Сведоци-Австралија“ во режија на Марија Џиџева напладне премиерно ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија. Пред премиерата на филмот ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Од Министерството за култура соопштија дека реализацијата на филмот е дел од проектот за „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видео материјали и разговори со Македонците протерани од Егејска Македонија во 20 век“.