Иџе: Победата му ја посветувам на Крамски

Од:

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе ја забележа втората победа во групата N на втората трка од Европскиот шампионат на ридски патеки што се возеше на патеката во Рехберг, Австрија. Трката во Австрија помина во сенка на несаканиот инцидент во саботата кога загина чешкиот возач Отакар Крамски кому нашиот Стефановски му ја посвети оваа победа.

– Тешко беше да се вози по се што се случи во саботата. Со Крамски разговарав пред да почнат тренинзите, бидејќи ние му бевме симпатични и пред секоја трка доаѓаше во боксот и ни даваше корисни совети. Минатата година многу научив од него и затоа овој триумф му го посветувам на трагично настраданиот шампион, изјави Иџе.

Поради несреќата на Крамски целиот викенд во Австрија доби поинаков тек. Во саботата се возеше само еден од планираните три тренинзи, другите два беа откажани.

Неделата почна со вториот тренинг, а третиот беше откажан, по што веднаш следуваше првата трка. По неколкуте инциденти и долги прекини беше решено втората трка да не се вози, а за пласманот да решаваат само резултатите од првото возење. Во тоа прво возење, Иџе патеката ја мина со време од 2:23.310 минути и за 160 стоти делови од секундата беше пред Австриецот Ханес.

Со оглед дека е променета конфигурацијата на патеката во Рехберг, победниците на денешната трка се и нови рекордери на патеката и македонскиот ас од денеска има нов рекорд зад своето име и време кое во наредните сезони ќе биде напаѓано од европската автомобилска елита.

– Ова е голем успех кога се знае ни се што поминав пред оваа трка. Проблемите со турбото, расипаните диференцијали, неподготвеното возило и трагичната несреќа не ми даваа оптимизам, но пред трката решив да одам на се или ништо. Влегов во автомобилот и едноставно летав по патеката. Морам да признам дека не ни приметив дека турбото не работи – додаде Стефановски.

По две трки Иџе води во генералниот пласман со максимални 50 поени.

Следната трка во Европскиот шампионат на ридски патеки е за две недели на патеката Субида ал Фито во Шпанија, а една недела подоцна следува трката Рампа дел Фарпера во Брага, Португалија.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски