Чешка ќе испрати војници на Голанската Висорамнина и во Мали

Од:

Чешката Влада одобри испраќање на  30 војници вклучувајќи и специјални сили на Голанската Висорамнина и во Мали, во мисиите под покровителство на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Прага.

За распоредувањето на војниците, за кои до крајот на 2016 година Министерството за одбрана ќе одвои 7,1 милиони евра од кои дел ќе им бидат вратени од ОН ќе гласа и чешкиот Парламент.

Чешката армија под покровителство на ЕУ веќе е вклучена во Мали во областите каде ситуацијата е релативно безбедна.

Чешкиот претседател Милош Земан долго време се заложува за учество на чешките војници на Голанската Висорамнина како можност за вклучување во борбата против исламскиот тероризам.

Владата не го разгледуваше тоа прашање сметајќи дека мисијата на ОН е невоена.

Според министерот за одбрана Мартин Стропницки сега е сменета ситуацијата и единиците на мисијата делуваат како „линија на контакт”.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница