Специјалните служби на Австралија и Иран ќе разменат разузнавачки информации во борбата против џихадистичката групација „Исламска држава“ на Блискиост Исток и специјално во Ирак, јавија австралиските медиуми.
Весникот „Сиднеј морнинг хералд“ пишува дека спогодбата за ова прашање била постигната за време на посетата на австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп на Техеран викендот.
– Иран е одлучен да ги искористи сите свои ресурси и енергија за да ја уништи ИД, која ја смета за главна опасност за денешната глобална безбедност, вели Бишоп во интервју за австралискиот весник во врска со резултатите од преговорите со претседателот на Иран, Хасан Рохани.
– Иранците масовно се упатуваат во Ирак, спроведуваат операции во Тикрит и во други региони на соседната држава, додаде таа.
Бишоп е првиот австралиски министер за надворешни работи во посета на Иран изминатите 12 години.