Горивата поскапи за 1,5 денари

Од:

Цената на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,94, односно за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 69 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 71 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 43,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,688 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 27,928 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,542 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95