Турција се заканува: Ќе возвратиме уште посилно

Од:

Турција најави „посилен одговор“ во случај сириските гранати да продолжат да паѓаат на нејзината територија.

„И досега возвраќавме на гранатирањето, но ако продолжи оваа ситуација ќе одговориме уште посилно“, изјави генералот Неџет Озел за телевизијата NTV.

Размената на оган на турско-сириската граница трае од минатата среда, а во регионот каде што загинаа пет турски цивили растат тензиите.

Иако и двете страни објавија дека не сакаат војна, генералниот секретар на ОН, Бан ки Мун оцени дека ескалацијата на граничните судрири е исклучително опасна.

САД исто така изрази загриженост, додека првиот човек на НАТО, Андрес Фог Расмусен рече дека и двете земји треба да останат воздржани, но и дека „НАТО има план за одбрана на Турција, која може да смета на помош на сојузниците“.

Односите помеѓу Анкара и Дамаск, кои се напнати уште од почетокот на бунтот во Сирија во март 2011-та година, драстично се влошија кога минатата недела од сириски гранати настрадаа пет турски цивили.

Турција, која има гранциа со Сирија долга 900 километри и згрижи скоро 100 илјади сириски бегалци, отворено ја поддржува Сириската ослободителна армија и бара да се симне Асад од власт.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски