Изложба „Македонските народни носии на разгледниците 1890-1950“ во Загреб

Од:

Во галеријата „Етно арт“ во Загреб денеска ќе биде отворена изложбата „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот“.

Станува збор за колекција од 170 репрезентативни примероци на разгледници од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ кои датират од крајот на 19. век до средината на 20. век.

Изложбата која е во организација на Музејот на македонската борба и Хрватско-македонското друштво ќе ја отвори Јосип Форијан.

Овој настан е дел од тридневната манифестација на претставување на македонската култура и гастрономија во Загреб под насловот „Три дена сонце“. Покровители на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство во Загреб.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи