Шпанските екипи Реал Мадрид и Барселона со победи го започнаа четвртфиналето во кошаркарската Евролига. Тие синоќа на домашен терен ги победија Олимпијакос, односно Анадолу Ефес.
Реал Мадрид го совлада турскиот претставник Анадолу Ефес со 80:71, додека Барселона до водството од 1-0 во пресметката со Олимпијакос дојде по убедливите 73:57.
Вторите натпревари се играат во петок исто така на терените на Барселона и Реал.
Вечерва се играат натпреварите број 2 од пресметките меѓу Фенербахче – Макаби (1-0 победи) и ЦСКА – Панатинаикос (1-0).