Карма Кристина Лима (34) е кандидат за Градскиот совет на градот Итакоатиар во сојузната држава Амазон на северниот дел на Бразил. Но, на полицијата им станало сомнително откоко забележале дека на денот на изборите околу нејзиниот автомобил се собрала голема група граѓани.
Во текот на претесот во автомобилот се пронајдени се стотина вреќички со кокаин, кои биле закачени за предизборните летоци со упатство како да гласаат за неа.
– Околу автомобилоте на госпоѓата Лима беше собрана голема група луѓе. Меѓутоа кога ги виделе полицајците сите се разбегале. Кандидатката и уште еден маж излегоа од автомобилот и почнаа да бегаат заедно со другите луѓе. Полицајците успеаа да ги фатат. Според изјавите на локалното население таа ја делела дрогата и барала од нив да гласаат за неа, рече Даниел Отон, шеф на локалната полициска станица.