Припадници на јеменскиот огранок на Ал Каеда соопштиле дека во напад со беспилотно летало, загинал нивниот верски лидер, за кого била распишана награда од пет милиони долари, пренесе „Асошиејтед прес“.
Ал Каеда на „Твитер“, објави соопштение во кое се наведува дека во напад на дрон во недела вечер е убиен Ибрахим ел Рубаиш, заедно со други неименувани припадници на јеменскиот огранок на Ал Каеда.
Ел Рубаиш за кого се верува дека е на возраст од околу триесетина години, во 2006 година бил пуштен на слобода од американскиот затвор Гвантанамо беј, по што се приклучил на јеменскиот огранок на Ал Каеда.
Инаку тој е Саудиец кој важел за главен идеолог и теолошки советник на јеменскиот огранок на оваа терористичка организација.
Е.Г.