Австралија нема да плаќа социјална помош за родителите кои не ги вакцинираат децата

Од:

Австралиската Влада го зајакна притисокот врз родителите кои се противат на вакцинирањето на нивните деца, при што се закани дека ќе го стопира исплаќањето социјална помош за семејствата, кои не ги вакцинираат своите деца.

Од 1 јанаури 2016 година семејствата ќе можат да загубат годишно 15 илјади австралиски долари (11.400 американски долари) од дете од даночни олеснувања и помош, бидејќи во формуларите за социјална помош се укинува категоријата „се противат поради лично убедување“. Оваа категорија им овозможува на родителите да ги користат сите социјални бенефиции, без да ги имунизираат своите деца.

Околу 97 отсто од Австралијците се имунизирани. Бројот на деца под седумгодишна возраст, кои не се вакцинирани, бидејќи нивните родители се против вакцинирањето, се зголеми за 24 илјади изминатата деценија. Вкупно 39 илјади деца во земјата не се вакцинирани.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски