Најниска цена на бензините во изминатите шест години се очекува ова лето во САД

Од:

Возачите во САД летоска ќе имаат најниски цени на бензинот во изминатите шест години, најави Министерството за енергетика.

Се очекува просечната цена во државата да се намали за 32 отсто во однос на 2014 година, во просек на 2,4 долари за галон од 3,36 долари што ќе биде најнизок сезонски просек од 2009 година.

Главниот аналитичар за нафта Том Клоза смета дека флуктуациите на цените ќе бидат неизбалансирани, но дека може да се намалат и под два долари во јули и август кога е најголема побарувачката за бензин.

Ниските цени се резултат на тоа што светските залихи на нафта растат побрзо од побарувачката бидејќи е зголемено производството и во Северна Америка и во други делови од светот.

Министерството наведува дека постоечките прогнози може значајно да бидат променети ако се укинат санкциите спрема Иран, бидејќи таа држава има 30 милиони барели нафта во складиштата. Се очекува цената на брентот што ја користат многу американски рафинерии, а која е најважен показател на цената на бензините, оваа година да се намали за 40 отсто.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија