Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на дизелот ќе изнесува 53 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава и понатаму по цена од 67,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69,50 ден/лит.
За половина денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое сега ќе се купува за 42 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,008 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на М-1 НС ќе изнесува 26,240 ден/кг.
Новите цени на нафтените деривати се должат на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и понискиот курс на денарот во однос на доларот.