Најмалку 24 лица загинаа и десетици се повредени откако силна бура го погоди северниот дел на Бангладеш, соопшти полицијата и локалните власти.
Меѓу жртвите има жени и деца, додека над 50 лица се пренесени во болници низ земјата.
Висок претставник на властите во областа Богра изјави дека бурата убила најмалку 14 лица во регионот, што се наоѓа на 228 километри северно од Дака.
Тоа е првата силна бура во пролетната сезона во Бангладеш.