Дејвид Боуви пишува музика за мјузиклот „Човекот кој падна на Земјата“

Од:

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви пишува нови песни за мјузикл инспириран од филмот „Човекот кој падна на Земјата“, што премиерно би требало да биде прикажан кон крајот на годината, објави „Њјурок Тиатар Воркшоп“.

Боуви на проектот работи заедно со ирскиот драматургот Енда Волш, добитник на „Тони“ за мјузиклот „Уанс“, јави Би-Би-Си.

Новата продукција „Човекот кој падна на Земјата“, покрај новите песни на Боуви ќе вклучи и некои од старите хитови на британскиот рокер. Продукциската куќа „Лазарус“ објави дека премиерата на мјузиклот се очекува во текот на зимата оваа година.

Мјузиклот е инспириран од истоимениот роман на Волтер Тевис од 1963 година и се темели на ликот на вонземајнинот Томас Њутн, кој Боуви го толкува во култната филмска адапатација на Николас Рог од 1976 година.

Новата бродвејска верзија ќе ја режира Белгиецот Иво вон Хове.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ