Обвинение за затајување данок против поранешната советничка на екс-чешкиот премиер Петр Нечас

Од:

Јавниот обвинител во Оломоуц покрена обвинение против Јана Нагиова Нечасова, поранешната советничка на премиерот Петр Нечас, а сега и сопруга, за сторено кривично дело затајување данок, јави дописникот на МИА од Прага.

Нагиова-Нечасова е жената поради која поранешниот чешки премиер мораше да поднесе оставка од неговата функција заради нејзина вмешаност во аферата на прислушување и корупција, по што падна целата Влада, собранието се самораспушти и беа распишани вонредни избори. Полицијата во рацијата заплени 4-6 милиони евра и десеттина килограми злато.

Нечас по неколку месеци се разведе од сопругата со која има четири деца и се ожени со поранешната шефица на неговиот кабинет Нагиова. Според најновото обвинение, Нечасова е осомничена дека имала умисла да не пријави данок од подарок во најмалку 29 случаи, за подароци во вкупна вредност од околу 370.000 евра за што и се заканува казна затвор од две до осум години, или од 5-10 години.

Се работи за луксузни подароци кои Нечасова ги добивала во 2012 и 2013 година и тоа во најголем број случаи накит, часовници, луксузни чанти, чевли, облека, па дури и прибор за лична хигиена како сапуни или миризливи свеќи.

Според полициските инспектори, најскапиот бисерен ѓердан од Картие која таа го поседувала чинел повеќе од 40.000 евра.

Меѓу донаторите се директори на државни фирми како и познати лобисти.

Најголем дел од нив негираат дека на осомничената и дале луксузни подароци, но полицијата тврди дека поседува снимки од телефонски разговори каде се потврдуваат сомневањата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница