Борци на Ал Каеда нападнаа затвор во Јемен и ослободија стотици затвореници

Од:

Борци на меѓународната терористичка групација Ал Каеда го нападнаа синоќа административниот центар на провинцијата Хадрамут, градот Ал Мукала во југоисточниот дел на Јемен, јави ТАСС.

Екстремистите го нападнаа централниот затвор во градот и ослободиле стотици затвореници.

Според локални извори борби се водат во неколку области на градот, кој се наоѓа на 480 километри од Аден.

Освен во затворот судири има и во квартови покрај претседателската палата, управата за јавна безбедност, зградата на централната банка и пристаништето. Воени единици се обидуваат да ги совладаат исламистите, користејќи артилериски оружје и оклопни возила.

Многумина од ослободените затвореници биле осудени поради врски со Ал Каеда.

Претходно од страна на шиитските бунтовници беше нападнат и ограбен Генералниот конзулат на Русија во Аден. Според првичните информации во моментот на нападот во Конзултатот немало дипломати.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида