На новиот сингл на Јоце преовладуваат труби, па соработката со Џамбо била неминовна, бидејќи тој е наш најпознат трубач со интернационална кариера.
Новата песна „Брига ме“ е направена на српски јазик, а наскоро се очекува да добие и македонска верзија. Двете верзии ќе добијат и спотови.
На новиот албум на Јоце, на кој ќе се најде и овој сингл, ќе доминираат балканските инструменти и мелодиски линии. Целиот албум ќе има боемска нота, а песните ќе можат да се изведуваат во секакви пригоди.