Спасески: Борењето на голема врата се враќа во Македонија

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески на денешната прес-конференција рече дека македонската репрезентација со постигнатите резултати на Европското првенство до 23 години, кое се одржа во Валбирк, Полска, најави враќање на сјајот на еден од најтрофејните спортови во државата.

По пауза од осум години, Халил Зубаиров на Македонија и го донесе првиот медал од Европските првенства.

– Борењето е дефинитивно најтрофејниот олимписки спорт во нашата земја и последните резултати на нашите борачи ми даваат за право да констатирам дека ќе се врати во полн сјај и ќе го зацврсти приматот на спорт, по кој Република Македонија е препознатлива во светот. Со остварените резултати, односно со освоениот бронзен медал на Халил Зубаиров, полека, но сигурно, го враќа борењето на голема врата во Република Македонија, изјави Спасески.

АМС за активностите на Боречката федерација на Македонија за годинава обезбеди 900.000 денари, со што треба да се покријат и меѓународните активности на репрезентацијата, односно    дел од трошоците за Европското првенство, Светското првенство во борење, кое во септември ќе се одржи во Лас Вегас, САД и Европските игри во Баку.

Спасески честитајќи им го успехот на сите репрезентативци, тренерите и целокупниот стручен штаб на репрезентацијата порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува борењето во очекување на нови успеси и секако, обезбедена норма за настап на Олимпијадата во Рио 2016.

Носителот на бронзеното одличие Зубаиров се заблагодари за поддршката од сите Македонци кои веруваа во него и за укажанат можност да настапува во репрезентацијата.

– Не застануваме тука. Одиме понатаму по нови успеси и со Божја помош до медал на Олимписките игри 2016 во Рио, истакна Зубаиров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска